СДСМ не го прифаќа предлогот на Ставрески

илустрација

Пратеничката група на СДСМ на продолжението на координацијата за одблокирање на работата на македонското собрание најави дека ќе го достави планот за буџетско штедење преточен во еден амандман. Координаторот на пратеничката група на СДСМ Игор Ивановски изјави дека неговата партија не прифаќа новото задолжување од Светска банка од 250 милиони евра да се стави во тековната сметка во НБРМ до по локалните избори, како што предложи вицепремиерот Зоран Ставрески.