Италијанскиот премиер Монти пред оставка

Италијанскиот премиер Марио Монти


Италијанскиот премиер Марио Монти се очекува денеска да поднесе оставка доколку парламентот го одобри буџетот што го предложи неговата влада. Монти ја загуби поддршката од партијата на поранешниот премиер Силвио Берлускони присилувајќи го да вети дека ќе се повлече од функцијата доколку биде прифатен буџетот. Се очекува Монти в недела да одржи прес конференција на која би требало да каже дали ќе се кандидира на изборите кои најверојатно би се одржале на 24 февруари. Монти на премиерското место не дојде на избори, туку беше назначен со цел да ја извлече земјата од финансиската криза.