Судири меѓу демонстранти во Египет

Полицијата во египетскиот град Александрија употребила солзавец врз демонстрантите кои денеска протестирале против или за нацрт уставот. Стотици припадници на Муслиманското братство кои го поддржуваат уставот и приврзаници на опозицијата кои сметаат дека уставот бил промуслимански се судриле по што морала да интервенира полицијата. Во првиот круг од референдумот, според неофицијалните резултати, повеќето се изјасниле за новиот устав. Вториот круг на референдумот ќе се одржи утре.