Средба на лидерите "За подобра Македонија"

Илустрација

Почна средбата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски со лидерите на партиите од коалицијата „За подобра Македонија“.
Премиерот Груевски на средбата е придружуван од Мартин Протогер, шеф на неговиот Кабинет, од министрите за внатрешни работи и за здравство, Гордана Јанкулоска и Никола Тодоров и од пратеничката Силвана Бонева.
На оваа традиционална предновогодишна средба ќе стане збор за реализацијата на Програмата на коалицијата во текот на годинава што изминува, како и за приоритетите и активностите што ќе следат во 2013 година. Се очекува да бидат разгледани и актуелни политички прашања како случувањата и настаните околу донесувањето на буџетот за следната година, напредокот во однос на евроатлантските интеграции и претстојните локални избори