Сиријската армија со проектили против бунтовниците

Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен изјави дека сиријската армија продолжува со употреба на проектилите од типот Скад, против анти-валдините сили. Тоа ја покажува исправноста на одлуката на НАТО за распоредување проектили Патриот во соседна Турција, изјави Расмусен. Пред една недела американски и НАТо претставници соопштија дека сиријската војска, во конфиктот, за прв пат почнала да користи и проектили земја – земја. Официјален Дамаск ги демантираше ваквите информации