Иванов Давутоглу: Македонија и Турција со одлични односи

претседателот Ѓорге Иванов и турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу

Билатералните односи меѓу Македонија и Турција се одлични и во повеќе области достигнуваат степен на стратешко партнерство, а економската соработка има постојана позитивна динамика, оценија на синоќешната средба во Скопје претседателот Ѓорге Иванов и турскиот министер за надворешни работи, Ахмет Давутоглу. Претседателот Иванов, како што е соопштено од неговиот кабинет, се заблагодарил за континуираната и принципиелна поддршка на Турција за македонските евроатлански интеграции.