Во Брисел самит ЕУ, Русија

На денешниот состанок во Брисел меѓу рускиот претседател Владимир Путин и лидерите на Европската унија се очекува да доминираат енергетските прашања. Европското регулирање на пазарот со енергија со кое се зголемува конкуренцијата ја налути Русија. Официјална Москва смета дека законите ја дискриминираат државната компанија Газпром. Се очекува двете страни да ги спротивстават ставовите и околу решавањето на крвавиот конфликт во Сирија.