Бан Ки-мун - Нема изгледи за воспоставување мир во Сирија

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун изјави дека се чини оти нема изгледи за воспоставување мир во Сирија во брзо време. На неговата последна прес-конференција годинава, тој рече дека нема знаци на дијалог меѓу владините сили и бунтовниците за завршување на 21-месечниот конфликт.

Тој исто така рече дека блискоисточниот мировен процес е под „длабок мраз“ и повторно ја нагласи загриженоста поради израелските планови за градење нови доселенички населби и рече дека градењето во спорните области сериозно ги поткопува напорите за воспоставување одржлива палестинска држава.