Путин го подржа рускиот одговор на законот Магњитцки

Рускиот претседател Владимир Путин го подржа законот кој е инцијално одобрен и од Думата, а со кој ќе се забрани американски граѓани да усвојувааат руски деца.
На првата прес-конференција откако го освои третиот мандат, Путин рече дека Дума им дала емоционален но соодветен одговор на САД. Предлог-законот беше предложен како реакција на Законот Магњитцки, со кој се наметнуваат санкции против Русите вклучени во кршењето на човековите права. Путин рече дека законодавството на САД ги труе односите меѓу Москва и Вашингтон. Но, Путин додаде дека мора да го види прецизно рускиот одговор пред да го даде конечното мислење.
Американскиот закон Магњицки, кој влезе во сила минатата недела е именуван по Сергеј Mагњицки, руски активист кој почина откако беше физички малтретирани во руски затвор во 2009 година.