САД - се бара смртна казна за војникот кој уби 16 Авганистанци

Воените обвинители ќе побараат смртна казна за американскиот војник Роберт Бејлс кој е обвинет за убиство на 16 селани во Авганистан во март годинава. Тој е обвинет дека на 11 март годинава ја напуштил својата база во провинцијата Кандахар, отишол во блиското село и ги застрелал луѓето. Деветмина од убиените се деца. Неговите адвокати сè уште не се огласија, но бараа надворешни експерти да утврдат дали 39-годишниот Бејлс, кому ова му била четврта тура во Ирак и Авганистан, страда од пост-трауматско стресно нарушување. Убиствата на авганистанските цивили предизвикаа големи протести во земјата, па американската армија мораше времено да ги стопира операциите во Авганистан.