Во Брисел дводневен самит ЕУ-Русија

Рускиот премиер Дмитри Медведев и шефот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо.

Се очекува визите за влез во ЕУ за руските државјани и споровите за енергијата и извозот да бидат главни теми на дводневниот самит ЕУ-Русија што треба да почне вечерва во Брисел. Во пресрет на самитот, ЕУ соопшти дека е подготвена да ги олесни процедурите за издавање визи за руските државјани. Сепак, во новинските извештаи се наведува дека Русија во последен момент побарала руските дипломати да може да патуваат во ЕУ без визи, што може да го загрози постигнувањето договор за време на самитот. Претседателот Владимир Путин и руските министри веројатно ќе ја прашуваат Европската унија за неодамнешната истрага на Европската комисија за наводното „штелување“ на цените на рускиот енергетски гигант Газпром. ЕУ, пак, веројатно ќе се жали зашто Русија не ги намали царините за увоз на дрво, хартија и автомобили од ЕУ според правилата на Светската трговска организација, каде што Русија влезе годинава.