Координацијата за буџетот без договор

Координативна средба кај претседателот на Собранието на РМ, Трајко Вељаноски за динамиката и деблокирањето на донесувањето на буџетот за 2013 година одржана на 17 декември 2012 година.

Координативната средба кај претседателот на Собранието Трајко Вељаноски за деблокирање на носењето на буџетот за 2013 година беше прекината без договор. Состанокот ќе продолжи утре во 10 часот, а средбите, како што објави МИА повикувајќи се на собраниски извори, ќе се одржуваат се додека не се изнајде решение буџетот за 2013 да биде донесен до 31 декември. Вељаноски предложил сите амандамни за буџетот да бидат испратени до Владата, таа да се произнесе што е прифатливо, а потоа информацијата да биде доставена до пратеничките групи кои би доставиле извештај до претседателот на Собранието. Предлогот бил одбиен од опозициските пратеници. Се очекува на утрешната средба да биде повикан и пратеникот Изет Зеќири кој има поднесено околу 400 амандмани.