Авганистански полицаец убил четворица колеги

Тренинг на авганистански полицајци.

Четворица авганистански полицајци биле убиени, а тројца други беа ранети, откако прво биле труени од нивен колега. Нападот се случил на контролен пункт во провинцијата Кандахар. Напаѓачот избегал, а полицијата истражува дали е поврзан со Талибанците. Повеќе од 50 странски војници и десетици авганистански војници и полицајци се убиени годинава во тн. инсајдерски напади, односно од нивни колеги.