Пакистан - Напади против вакцинирање

УНИЦЕФ ја запре кампањата за вакцинација против детска парализа во Пакистан, откако денеска повторно беа нападнати и убиени уште две лица кои учествуваа во вакцинацијата. Пакистанските власти соопштија дека уште едно лице кое учествувало во акцијата, било нападнато и рането од непознат напаѓач во Пешавар. Во слични напади во понеделникот и во вторникот беа убиени 6 лица, петмина во Карачи и еден во Пешавар. Никој не ја превзел одговорноста за нападите, но талибанците претходно ја осудија вакцинацијата, оценувајки дека станува збор за покритие на западна шпионажа. Светската здравствена организација и УНИЦЕФ ги осудија нападите врз здравствените работници. Пакистан, Авганистан и Нигерија се единствените земји во светот каде што сеуште има случаи на детска парализа.