Кредитниот рејтинг на Грција подигнат за 6 нивоа

Стандард и Пурс го подигна кредитниот рејтинг на Грција за 6 нивоа, на Бе минус. Ова е највисоко рангирање на Грција од страна на оваа агенција од јуни 2011-та. Според образложението, подигањето на рејтингот се должи на определеноста на другите земји од евро-зоната да ја задржат Грција во своите редови, како и на фактот дека АТина ја доби новата транша финансиска помош од меѓународните кредитори.