Светска банка најави помош за Ирак

Светската банка најави помош од 900 милиони долари за да им помогне на Ирачаните да отвораат работни места, да се изградат посилен институции, и подобро да управуваат со ресурсите на Ирак. Од агенцијата за кредитирање на меѓународниот развој соопштија дека четири-годишниот план за помош е дизајниран од страна на Светската банка и ирачката влада, во соработка со локални и регионални влади, приватниот сектор, групи на граѓанското општество, академици и донаторски организации. Во соопштението се вели дека стратегијата е насочена кон помагање на Ирак во "управување со сопствените ресурси поефикасно и поефективно" и промовирање на разноликост на економијата и растот на приватниот сектор. Сепак се потенцира дека како "конфликтна држава" Ирак "останува кревка" и "правилното управување" со своите огромни нафтени богатства и човечките ресурси, заедно со подобрената клима за инвестирање, ќе биде клучно за раст и работни места.