Бесими: Македонија останува важен партнер на НАТО

Ние ја цениме поддршката што ни ја дава Република Турција и таа поддршка ќе биде корисна бидејќи земјава останува важен партнер на НАТО во мировните мисии, порача министерот за одбрана на Република Македонија Фатмир Бесими, по средбите со министерот за одбрана на Република Турција Исмет Јилмаз и началникот на Генералштабот на Турските вооружени сили генерал Неџдет Озел. Министерот Бесими додаде дека досегашната соработка покажала оти Република Турција е еден од најголемите донатори на Република Македонија, особено во областа на одбраната, односно за македонската армија.
Во текот на разговорите уште еднаш била потврдена поддршката од Република Турција за евроатлантската интеграција на Република Македонија, додека истовремено било истакнато дека тој процес е од големо значење за државата.