ВМРО-ДПМНЕ - Кривични пријави за членовите на Комисијата за лустрација што поднесоа оставки

Macedonia - The Commission for verification of facts, where?, 27Jan2012

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривични пријави против членовите на Комисијата за лустрација, Јанаке Витановски и Благоја Гешовски, поради свесно опструирање, кочење и саботирање на работата на Комисија. Кривичната пријава, информира на денешната прес-конференција партискиот портпарол Александар Бичиклиски, ќе се однесува за злоупотреба на службената должност односно заради непостапување по служена должност. Витановски и Гешовски, кои во Комисијата членуваат по предлог на СДСМ, вчера подлесоа оставки од членството.

СДСМ претходно поднесе кривична пријава против претседателот на Комисијата Томе Аџиев.