СДСМ поднесе кривична пријава против Томе Аџиев

Претседател на Комисија за верификација на факти Томе Аџиев.

СДСМ до Јавното обвинителство поднесе кривична пријава против претседателот на Комисијата на лустрација Томе Аџиев за злоупотреба на службена положба и овластување и оддавање на службена тајна. Ана Павловска Данева од СДСМ го повика Јавното обвинителство ведаш да ја процесуира оваа пријава. Таа рече дека по налог на Аџиев на интернет страницата на Комисијата беа објавувани досиеја и документи, кои се однесуваат за временски период после 2006 година, кој не е опфатен со Законот за лустрација, со што нанел значителна штета на државните интереси и безбедноста на Македонија.