Нови напади во Пакистан - 10 повредени

Архивска фотографија.

Најмалку 10 луѓе се ранети во провинцијата Кибер Пахтунква во Пакистан, кога двајца напаѓачи на мотоцикл фрлиле бомби пред капијата на една воена база. Полицијата соопшти дека биле повредени цивили и воен персонал. Организацијата Техрик-е-Талибан ја презеде одговорноста за нападот. Во изминатите денови се случија неколку напади во овој дел од Пакистан во кои има десетици мртви и повредени.