Одложено судењето на Сaнадер за случајот Фими Медија

Поранешниот хрватски премиер и лидер на ХДЗ Иво Санадер пред судот во Загреб.

Судење на поранешниот хрватски премиер и лидер на ХДЗ Иво Санадер за аферата Фими Медија, кое требаше да продолжи денеска е одложено за утре, поради здравствената состојба на Сенадер. Тој денеска ќе биде префрлен во затворската болница. Поранешниот премиер има срцеви проблеми. Денешната расправа е одложена за утре, кога ќе се дознае повеќе за какви здравствени проблеми станува збор и дали тој ќе биде способен за продолжување на судењето.

Хрватските политички аналитичари оценуваат дека сведочењето во аферата Фими Медија на членови на ХДЗ, кои со години наводно извлекувале пари од јавните претпријатија и по нелегален пат ги префрлале на тајни фондови на тогашната владејачка партија, укажуваат дека во ланецот на измама на државата биле вклучени не само неколкумина одбрани, туки стотици лица.

Санадер веќе издржува казна затвор од 10 години за земање 10 милиони евра поткуп од директорот на унгарската нафтена компанија Ина Мол.