Третина од светската популација, христијани

Над две милијарди и 200 милиони луѓе или околу една третина од светската популација се изјасниле како христијани. Ова се наведува во најновата студија на Истражувачкиот центар Пју со седиште во Вашингтон која се базиира врз пописи на населението и анкети во скоро сите земји во светот. Како втора по големина група верници, со милијарда и 600 милиони луѓе, е муслиманската. Во студијата се наведува дека има и милијарда хиндуси, 500 милиони будисти и 14 милиони евреи.