Откажана посетата на Јанукович на Москва

Рускиот претседател Владимир Путин со директорот на Газпром Алексеј Милер

Претседателот на Украина Виктор Јанукович ја откажа денешната посета на Русија. Се очекуваше намалувањето на сметката што Украина ја плаќа за рускиот природен гас да биде на врвот на агендата на неговите разговори со претседателот на Русија Владимир Путин. Украина соопшти дека има тешкотии со плаќањето на цената од околу 430 долари за илјада кубни метри гас. Москва веќе изрази заинтересираност за откупување на акциите на украинскиот дел од гасоводот до Западна Европа. Москва исто така и понуди на Украина да влезе во царинската унија во која веќе се Русија, Белорусија и Казахстан.