Времето облачно со дожд и снег

Времето во Македонија ќе биде облачно, на пониските места ќе има врнежи претежно од дожд, на повисоките од дожд и снег, а на планините од снег. На места врнежите ќе бидат пообилни, локално се очекува да наврнат повеќе од 20 литри на квадратен метар. Кон крајот на денот врнежите речиси насекаде ќе бидат од снег. Ќе дува умерен ветер од источен правец.
Температурата ќе се движи од минус еден до четири степени.
Во Скопје температурата ќе достигне до три степени.