Министерот Бесими во посета на Турција

Министерот за одбрана на Република Македонија Фатмир Бесими, од денеска ќе престојува во дводневна посета на Република Турција, каде што ќе се сретне со неговиот колега Исмет Јилмаз и со началникот на Генералштабот на турските оружени сили, генерал Неџдет Озел.
На средбите ќе стане збор за билатералната соработка и за поддршката на Турција во процесот на евроатлантското интегрирање на Македонија