Огромно црвено срце во чест на Хавел на Европскиот парламент

Погребната церемонија на Вацлав Хавел на 23 декември 2011 година.

Огромно црвено неонско срце вечерва ќе биде поставено на фасадата на Европскиот парламент во Брисел по повод одбележувањето на првата годишнина од смртта на поранешниот Чешки претседател Вацлав Хавел. Срцето ќе стои таму до крајот на јануари. Прв пат срцето беше ставено на Прашкиот замок на крајот на вториот претседателски мандат на Хавел во декември 2002 година. Инспирација за тоа е што Хавел црташе мало срце по неговиот потпис. Вацлав Хавел одигра клучна улога во соборувањето на комунизмот во Чехословачка на крајот на 80-тите години од минатиот век. Почина лани на 18 декември на 76 години.