Дизелот поевтинува за 1,5 денари, бензинот со иста цена

Малопродажната цени на дизелот од ноќеска на полноќ се намалуваат за 1,5 денар, на екстра лесното за домаќинство два денари, а цената на бензините останува непроменета. Според одлуката на Регулаторна комисија за енергетика, новата цена на Еуродизел изнесува 71,50 денари, а на екстра лесното масло за домаќинство 60 денари за литар. Се намалува и цената на мазутот и ќе изнесува 41,722 денари за килограм. Малопродажната цена на Еуросупер БС-95 и на Еуросупер БС-98 останува непроменета и изнесува 80,50 односно 82 денара за литар.