Минималната плата во Франција - 1430 евра

Францускиот премиер Жан-Марк Ајро.

Француската влада соопшти дека ја зголемува минималната плата во земјата за 0,3 отсто. Еден работен час од 1 јануари 2013 година ќе се плаќа најмалку 9,43 евра. Корист од покачувањето ќе имаат околу 2,6 милиони работници во Франција. Владата предводена од социјалистите на крајот на јуни ја зголеми минималната плата за два отсто. Сега, минималната месечна плата за некој со нормално работно време од 35 часа неделно ќе биде околу 1430 евра, што е за 2 евра повеќе од пред една година. Франција е една од земјите кои први воведоа закон за минимална плата уште во 1950 година.