Образованието, лустрацијата и парното наскоро пред Уставен Суд

Иницијативите за кои Уставниот суд на Република Македонија трпеше одредени критики, напади и коментари, а се однесуваат на високото образование, лустрацијата и Правилникот за снабдување со топлинска енергија наскоро ќе се најдат на дневен ред пред уставните судии.
Ова во интервјуто за МИА го потврди претседателот на Уставниот суд на Република Македонија Бранко Наумовски, посочувајќи дека в среда на дневен ред на седницата ќе биде ставено високото образование, а на почетокот на идната година по третпат и лустрацијата.
Сметам дека Уставниот суд мора да има сопствен независен Буџет. Положбата на Судот со Устав е јасна. Недозволиво е Уставниот суд финансиски и кадровски да е зависен од извршната власт, односно од оној од кого бараш да ги извршува твоите одлуки. Мора да се најдат механизми при концепирањето на Буџетот, без согласност на Уставниот суд тој да не смее да се донесе. На овој план е разговарано со надлежните во Владата и во очекување сме некои состојби да се подобрат, вели Наумовски во интервјуто за МИА