Поради магла одложена посетата на Груевски на Загреб

Посетата на премиерот Никола Груевски на Република Хрватска е одложена поради лошите временски услови на аеродормите во Скопје и во Загреб и ќе се реализира во друг термин.
Премиерот Груевски денеска во Загреб требаше да се сретне со неговиот хрватски колега Зоран Милановиќ, со претседателот Иво Јосиповиќ и со претседателот на Саборот Јосип Леко, како и со претставници на македонската заедница во Хрватска.
Маглата на скопскиот аеродорм „Александар Велики“ е причина за откажување на повеќе полетувања и слетувања во текот на ноќта и изутрината. Единствено полетал авионот на „Виз ер“ кон Бергамо во шест часот изутрината