Координативна средба кај Вељаноски за деблокирање на буџетот

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски за денеска закажа Координативна средба на која ќе биде разгледана динамиката и деблокирањето на донесувањето на буџетот на Македонија за наредната година.
На средбата, како што информира собраниската прес-служба, покрај потпреседателите на Собранието и координаторите на пратеничките групи повика се и претседателот на Комисијата за финансирање и буџет Марјанчо Николов, претседателката на Законодавно - правната комисија Благородна Дулиќ и вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.