Ахмадинеџад ја откажал посетата на Турција

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад

Турската новинска агенција Анадолу јави дека иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад ја откажал планираната посета на Турција. Агенцијата цитираше дипломатски извори кои соопштиле дека Ахмадинеџад не можел да го оствари патувањето поради проблеми со распоредот.
Ахамдинеџад беше поканет од страна на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган за да земе учество во церемонијата во знак на сеќавање на големиот мислител Руми во градот Конја.