Либија привремено ги затвори границите на југот

Либиските пратеници го прогласија јужниот дел на земјата за ограничена воена област и наредија да се затворат границите со четири земји со цел да се спречи според нив зголемувањето на безаконието.
Националната новинска агенција Лана јави дека Националниот совет наредил привремено затварање на границите со Чад, Нигер, Судан и Алжир.