Ракометарките на Црна Гора го освоја златото на европскиот шампионат

Ракометарките на Црна Гора при освојување на сребрениот медал на Олимписките игри во август 2012

Репрезентацијата на Црна Гора е победник на женското ракометно Европско првенство што изминативе две недели се одржуваше во Србија. Црногорките до златниот медал стигнаа по победата над Норвешка извојувана по две продолженија за конечни 34:31. За Црна Гора ова е најголем успех во историјата на ракометот и е прво злато.
Во натпреварот за третото место Унгарија ја совлада Србија.