Сириски авиони гранатираа палестински бегалски камп во Дамаск

Архивска фотографија.

Сириски воени авиони истрелале најмалку две ракети врз палестински бегалски камп во Дамаск, соопштија сириски активисти. Ова е прв пат воени авиони да нападнат палестински камп од почетокот не немирите во Сирија во март минатата година. Невладината организација Сириска опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон соопшти дека активисти од теренот информираат дека најмалку осум цивили загинале во нападот врз бегалскиот камп Јармук во јужен Дамаск. Новинската агенција Ројтерс, пак, обвјави дека најмалку 25 луѓе загинале кога една ракета ја погодила џамијата каде што се засолниле луѓето.

Владините сили неколку недели се обидуваат да ги потиснат бунтовниците кои се доближуваат до главниот град.

Една бунтовничка група, пак, соопшти дека запленила пешадиска воена база во градот Алепо на северот на земјата.