Северна Кореја ја одбележува годишнината од смртта на Ким Џонг Ил

Луѓе присуствуваат на изложбата „Големиот лидер Ким Јонг Ил, другарот е засекогаш со нас“ што се одржува во Пјонгјанг, како дел од одбележувањето на годишнината од неговата смрт.

Челниците на Северна Кореја оценија дека успешното лансирање сателит во вселената е доказ дека Ким Џонг Ун има сила да ја води земјата, една година по смртта на неговиот татко Ким Џонг Ил. Високи политички, владини и воени претставници се собраа на Затворениот стадион во Пјонгјанг во пресрет на меморијалната церемонија по повод годишнината од смртта на Ким Џонг Ил, кој почина на 17 декември минатата година. Северна Кореја во негова чест во средата лансираше ракета со долг домет во вселената, не осврнувајќи се на меѓународните предупредувања дека лансирањето ќе се смета како забранет ракетен тест.