СДСМ не оди на избори ако не се направат измени на изборниот законик

Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски

Претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски по денешната седница на партијата најави дека ако не се направат неопходните измени во изборниот законик и не се вградат препораките на ОБСЕ и ОДИХР и доколку не се исчисти избирачкиот список нема да учествуваат на претстојните локални избори. Црвенковски изјави дека сакаат јасно да порачаат дека овој пат политиката на власта за одолговлекување, а потоа ставање пред свршен чин, како пред парламентарните избори во 2011-та, нема да помине.
На седницата, како што информира Црвенковски, дефинирале предлог план за буџетски заштеди и предлог за разрешување на целиот состав на Комисијата за верификација на фактите.
На седницата беше одлучено повеќе да не бидат членови на партијата Владо Бучковски, Димитар Бузлевски и Виктор Цветковски.