Претседателот на Мјанмар им се извини на демонстрантите

Будистички монаси

Кабинетот на претседателот на Мјанмар формално се извини за недоамнешното насилство врз демонстрантите во еден рудник за бакар, при што беа повредени повеќе од 100 будистички монаси. Преставници на претседателскиот кабинет се сретнаа со повредените монаси и нивните лидери во главниот град за да го предадат извинувањето.
Полицијата на протестите на 29 ноември користеше солзавец, димни бомби и водени топови.