Гласањето на референдумот во Египет без инциденти

Гласањето во Египет

Гласањето на референдумот за предлог уставот во Египет се одвива мирно и без инциденти. Претседателот Мухамед Морси и неговите исламистички поддржувачи соопштија дека документот ќе ја однесе нацијата чекор поблиску до демократија. Повеќе од 26 милиони граѓани ќе го дадат својот глас, а други 25 милиони ќе го направат тоа во наредната недела.