26 убиени при напад на училиште во САД

USA SCHOOL SHOOTING

Најмалку 26 лица се убиени, од кои 20 деца и 6 возрасни, при напад на вооружено лице кај Основното училиште Сенди хук во местото Њутаун, сојузна држава Конектикат, соопшти полицијата. Се претпоставува дека напаѓачот е мртов.
Претседателот Барак Обама порача дека Америка мора да биде заедно. "Претрпевме премногу вакви трагедии во последните неколку години. Секојпат кога ќе слушнам ваква вест, реагирам не како претседател, туку онака како што би реагирал секој друг - како родител”.