17 години од Дејтонскиот мировен договор

Пред 17 години на денешен ден Слободан Милошевиќ, Фрањо Туѓман и Алија Изетбеговиќ во Елисејската палата во Париз го потпишаа Дејтонскиот мировен договор, со кој е ставен крај на војната во Босна и Херцеговина.
Договорот е потпишан во присуство на тогашниот државен секретар на САД Ворен Кристофер и бројни светски претставници од тоа време.
Со договорот БиХ е поделена на два ентитети, на Федерација БиХ и Република Српска. На Федерацијата БиХ и припадна 51, а на РС 49 отсто од земјата.