Шефот на израелската дипломатија Либерман поднесе оставка

Израелскиот министер за надворешни работи, Авигдор Либерман поднесе оставка откако беше обвинет за прекршување на довербата. Во изјавата испратена по маил Либерман порача дека, "иако знам дека не направив никаков злостор, се решив да поднесе оставка на мојата позиција како министер за надворешни работи и заменик-премиер, без одлагање“. Израелскиот обвинител Јехуда Вајнштајн го обвинет Либерман за прекршување на доверба, но го исчисти од обвиненијата за измама и перење пари во 12-годишната истрага. Прекршување на довербата е резултат на обвинувањата дека Либерман добил класифицирани информации од Министерството за правда поврзани со истрагата против него од поранешен израелски пратеник во Белорусија. Анкетите во Израел предвидуваат победа на десничарската коалиција на Либерман и на Ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху на изборите на 22 јануари.