Митинзи на ривалските групи за референдумот во Египет

Каиро, 14.12.2012.

Денеска во Каиро, Александрија и други егиепски градови се одржуваат митинзи на оние што се за или против нацрт уставот пред утрешниот референдум. Критичарите велат дека нацрт Уставот, поддржан од претседателот Мохамад Морси, бил премногу исламистички. Тоа во изминатите три недели предизвика насилство меѓу приврзаниците и опонентите на новиот Устав во кои најмалку 8 луѓе загинаа.