Нова истрага за криминал против Алексеј Навални

Алексеј Навални

Руските власти започнаа нова истрага против опозициониот лидер Алексеј Навални и неговиот брат Олег за вмешаност во наводна кражба на 1,79 милиони долари од трговска фирма.
Навални, блогер за анти корупција, кој предводеше протести против Владимир Путин оваа година се соочува со низа обвинувања за кои смета дека се политички мотивирани.