Европската централна банка ќе биде главен супервизор на банките во еврозоната

Европските лидери денеска во Брисел го завршуваат дводневниот самит фокусиран на создавање на супервизијата на сите поголеми банки во Европската Унија . Лидерите на 27-те членки на ЕУ се согласија Европската централна банка да биде главен супервизор на банките во еврозоната.

Претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј, утрово изјави дека воспоставувањето на супервизијата претставува чекор напред.

„Тоа ќе го зајакне нашиот финансискиот сектор и ќе помогне да се осигура стабилнос и подобри кредитни условии. Тоа е од витално значење за раст и вработување во еврозоната и пошироко“, изјави Ромпуј.

На самитот станало збор и за Грција, односно лидерите на земјите членки на ЕУ, исто така, се согласиле за нова транша од помошта за Грција, Одлуката донесена во врска со Грција ќе помогне да се осигура одржливоста на грчкиот долг на среден рок и ќе и овозможи поддршка на Грција во нејзините напори за прилагодувања, изјави Ромпуј.

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо изјави дека оваа година била исклучително тешка, особено за најранливите во општествата, но дека ЕУ се справуваа со основните причини за сета мака.