Нова рунда на разговори меѓу Иран и МААЕ

Ирански и претставници на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) одржаа уште една рунда разговори за иранската контроверзна нуклеарна програма. Иранските медиуми тврдат дека на средбата бил направен напредок, но не се соопштуваа други детали. Не е познато и дали Техеран им дозволил на инспекторите на МААЕ да ја посетат постројката Парчин за која западните држави веруваат дека се спроведува иранската нуклеарна програма. Двете страни се согласиле да ги продолжат разговорите во средината на јануари.