Разбиена мрежа за банкарски криминал во Романија

Романската полиција денеска изврши претрес на 48 канцеларии во Букурешт и други три окрузи, при што се приведени 90 луѓе, членови на специјализирана мрежа за банкарски измами.Меѓу приведените има и седум директори на банки и четворица нотари. Мрежата за банкарски измами ја оштетила романската држава за 85 милиони евра.Обвинителството соопшти дека мрежата била составена од влијателни бизнисмени од Букурешт, кои незаконски земале кредити од две банки за 35 фирми со помош на седумтемина банкарски директори.