Панета во посета на Авганистан

Портпаролот на американската војска во Авганистан Томас Колинс изјави дека целта на посетата на државниот секретар за одбрана Леон Панета на Кандахар е разговори со авганистанскиот министер за одбрана Бисмила Мохамади поврзани со континуираната поддршка на САД за подобрување на капацитетот на авганистанските безбедносни сили. Панета ќе ги посети и американските трупи и ќе се сретне со преставници на авганистанските власти. Колинс изјави дека на средбата со претседателот Хамид Карзаи ќе се разговара за подобрување на билатералните односи.