Дачиќ и Борисов ќе потпишат договор за изградба на гасовод

Српскиот премиер Ивица Дачиќ и неговиот бугарски колега Бојко Борисов утре во Брисел ќе потпишат договор за изградба на гасовод што ги поврзува двете земји, јавуваат српските медиуми. На потпишувањето на договорот ќе присуствуват еврокомесарот за енергетика Гинтер Јотингер. Изградбата на гасоводот кој ќе биде долг 180 километри ќе биде финансирана од ЕУ. Проектот во вредност од 120 милиони евра има за цел да спречи ситуации како таа во 2009 година, кога снабдувањето на двете земји со гас беше прекинато поради тешките зимски услови.