Експлозии во сириското МВР

Три експлозии го потресоа влезот на сириското Министерството за внатрешни работи во Дамаск додека борбите меѓу бунтовниците и владините сили се доближија до сирискиот главен град. Најмалку четири лица беа убиени, а многу повеќе се повредени. До експлозиите дојде откако претставници од 120 земји одржаа состанок во Мароко и ја признаа новата сириска опозиција како легитимен претставник на сирискиот народ, соопштувајќи дека претседател Башар Асад го изгубил легитимитетот. Овој потег од страна на т.н. Пријатели на Сирија дојде еден ден откако американскиот претседател Барак Обама ја призна Националната коалиција како легитимен претставник на Сирија, предизвикувајќи критики од рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.
Во меѓувреме претставници на САД и НАТО тврдат дека силите на Асад стрелаале ракети против бунтовниците. Белата куќа соопшти дека употребата на ракети би била "очајнички чин."